2. Па затоа и воздивнуваме и копнееме да се облечеме со своето небесно живеалиште;
3. само така облечени, нема да се најдеме голи.
4. Зашто, ние кои сме во овој шатор, воздивнуваме обременети; зашто не сакаме да се соблечеме, туку да се облечеме и над него, и така животот да го проголта она што е смртно.
5. А Бог нè приготви токму за ова, со тоа што ни Го даде Духот како залог.
6. Така, бидејќи секогаш сме полни со верба и знаеме дека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа,
7. зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, -
8. полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа.
9. Затоа и се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина,
10. зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло.
11. И така, знаејќи го стравот пред Господа, ги уверуваме луѓето, а на Бога сме Му познати, и се надеваме дека сме им познати и на вашите совести.