Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 5:16-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Затоа отсега и ние не познаваме никого по тело; иако Христа Го познаваме и по тело; сега веќе не Го познаваме така.

17. И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново.

18. А сè ова е од Бога, Кој нè измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето,

19. зашто Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето.

20. Според тоа, ние сме пратеници на Христа - на тој начин што Бог моли преку нас. Молиме во името на Христа: помирете се со Бога!

21. Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 5