Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 5:10-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло.

11. И така, знаејќи го стравот пред Господа, ги уверуваме луѓето, а на Бога сме Му познати, и се надеваме дека сме им познати и на вашите совести.

12. Не ви се препорачуваме пак вам, туку ви даваме повод и вие да се фалите со нас, за да имате што да им одговорите на оние, кои се фалат со она што е надвор, но не во срцето.

13. Зашто, ако сме биле вон себе - тоа е заради Бога; ако сме со здрава памет, тоа е заради вас.

14. Зашто, Христовата љубов нè опфаќа,

15. кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле. А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами за себеси, туку за Оној, Кој умре и воскресна за нив.

16. Затоа отсега и ние не познаваме никого по тело; иако Христа Го познаваме и по тело; сега веќе не Го познаваме така.

17. И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново.

18. А сè ова е од Бога, Кој нè измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето,

19. зашто Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето.

20. Според тоа, ние сме пратеници на Христа - на тој начин што Бог моли преку нас. Молиме во името на Христа: помирете се со Бога!

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 5