Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 5:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зашто, знаеме: ако се разурне нашиот земен дом, кој е како шатор, имаме од Бога зграда, вечен дом на небесата, што не го изградила човечка рака.

2. Па затоа и воздивнуваме и копнееме да се облечеме со своето небесно живеалиште;

3. само така облечени, нема да се најдеме голи.

4. Зашто, ние кои сме во овој шатор, воздивнуваме обременети; зашто не сакаме да се соблечеме, туку да се облечеме и над него, и така животот да го проголта она што е смртно.

5. А Бог нè приготви токму за ова, со тоа што ни Го даде Духот како залог.

6. Така, бидејќи секогаш сме полни со верба и знаеме дека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа,

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 5