Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 2:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. така што вие треба побргу да му простите и да го утешите, за да не падне преголема жалост на него.

8. Затоа ве молам да покажете љубов кон него.

9. Бидејќи, затоа и ви напишав, за да ве испитам дали сте послушни во сè.

10. А кому ќе му простите нешто вие, нему му проштавам и јас. Зашто, ако сум и простил нешто јас, доколку сум простил, сум простил заради вас во лицето на Христа; за да не земе сатаната предимство над нас;

11. зашто не ни се непознати неговите намери.

12. Кога дојдов во Троада да го проповедам Христовото Евангелие, и кога ми се отвори вратата во Господа,

13. немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.

14. Но, да Му благодариме на Бога, Кој секогаш нè води во Неговата победа во Христа, и на секое место, преку нас, го шири мирисот на Своето познавање;

15. зашто, ние сме пред Бога Христов пријатен мирис меѓу оние, кои се спасуваат, и меѓу оние, кои загинуваат;

16. на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. И кој е способен за сè ова?

17. Зашто, ние не го изопачуваме Божјото слово, како што мнозина го прават тоа, туку зборуваме искрено, како од Бога пред Бога во Христа.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 2