Стар Завет

Нов Завет

1 Тимотеј 6:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение, во стапица и во многу неразумни и штетни желби, што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел,

10. зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу болки.

11. А ти, Божји човеку, бегај од сè тоа! И стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост, кротост!

12. Бори се во добрата борба на верата, зграби го вечниот живот, за кој си повикан, и за кого си дал добра исповед пред многу сведоци!

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 6