Стар Завет

Нов Завет

1 Тимотеј 6:16-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Кој единствено има бесмртност, живеејќи во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел ниту може да Го види. Нему чест и вечна сила. Амин!

17. Заповедај им на богатите на овој свет да не бидат горделиви и да не се надеваат на непостојаното богатство, туку во живиот Бог, Кој ни дава изобилно сè за наслада,

18. да прават добро, да бидат богати во добри дела, да бидат дарежливи и заедничари;

19. да собираат за себе благо како основа за иднината, за да зграбат вистински живот.

20. О Тимотеје, пази го она што ти е доверено, и отстранувај се од нечистите и празните разговори и спротивставувањата на лажно нареченото познавање,

21. за кое некои се држат и така се отклонија од верата. Благодат со тебе. Амин!

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 6