Стар Завет

Нов Завет

1 Тимотеј 6:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Робовите, кои се подјармени, да ги сметаат своите господари достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и науката.

2. А оние кои имаат верни господари, да не ги презираат, затоа што се браќа, туку да им служат подобро, зашто оние кои се ползуваат од нивните услуги се верни и возљубени браќа! Така поучувај и проповедај!

3. Ако некој поучува инаку и не ги следи здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и на науката на побожноста,

4. тој е надуен и не знае ништо, туку боледува од желба за распрашувања и препирки од кои произлегуваат: зависта, расправиите, хулењата, лукавите сомневања,

5. празни препирки меѓу луѓето со изопачен ум и лишени од вистината, кои мислат дека побожноста е средство за печалба.

6. Побожноста и е голема печалба кога е здружена со чувство на задоволство.

7. Зашто ништо не донесовме на овој свет, ниту можеме да однесеме нешто.

8. А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа!

9. А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение, во стапица и во многу неразумни и штетни желби, што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел,

10. зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу болки.

11. А ти, Божји човеку, бегај од сè тоа! И стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост, кротост!

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 6