Стар Завет

Нов Завет

1 Тимотеј 2:3-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Ова е добро и угодно пред Бога, нашиот Спасител,

4. Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познавање на вистината.

5. Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,

6. Кој се даде Себеси како откуп за сите, за сведоштво во вистинско време;

7. за кое јас бев поставен за проповедник и апостол - вистина велам, не лажам - за учител на народите во верата и вистината.

8. И така, сакам мажите да се молат на секое место, подигајќи ги светите раце без гнев и препирка.

9. Исто така и жените да се украсуваат во пристојна облека, скромно и претпазливо, не со плетенки и злато, или со бисери или со скапоцени облеки,

10. туку со добри дела, како што им прилега на жените, кои исповедуваат дека се побожни.

11. Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!

12. А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.

13. Зашто, прво беше создаден Адам, потоа Ева.

14. И Адам не беше измамен, туку жената беше измамена, и падна во престап.

15. Но таа ќе биде сочувана со раѓање на деца; ако останат во верата и љубовта и во светоста со умереност.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 2