Стар Завет

Нов Завет

1 Солунците 3:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. зашто ние живееме сега, кога вие стоите цврсто во Господа.

9. Зашто, каква благодарност можеме да Му воздадеме на Бога за вас, за сета радост со која се радувавме поради вас пред својот Бог?

10. Ноќе и дење се молиме најусрдно да го видиме вашето лице и да го дополниме тоа, што и недостига на вашата вера.

11. А Самиот Бог и нашиот Татко, и нашиот Господ Исус Христос да го управи нашиот пат кон вас!

12. А Господ да направи вие да растете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, како што и ние ја имаме кон вас,

13. за да ги утврди вашите срца да бидат непорочни во светост пред нашиот Бог и Татко, при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Свои свети.

Прочитајте целосна глава 1 Солунците 3