Стар Завет

Нов Завет

1 Солунците 3:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. за да не се поколеба никој во овие маки; зашто сами знаете дека за тоа сме определени,

4. зашто кога бевме при вас, однапред ви зборувавме дека ќе трпиме маки, и како што знаете така и беше.

5. Затоа јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да научам за вашата вера, да не би ве искушал искушувачот и да не биде напразен нашиот труд.

6. А сега, откако ни дојде Тимотеј од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека имате секогаш добар спомен за нас и дека копнеете да нè видите, како и ние вас,

7. затоа, браќа, се утешивме за вас поради вашата вера во сета своја потреба и неволја;

8. зашто ние живееме сега, кога вие стоите цврсто во Господа.

9. Зашто, каква благодарност можеме да Му воздадеме на Бога за вас, за сета радост со која се радувавме поради вас пред својот Бог?

10. Ноќе и дење се молиме најусрдно да го видиме вашето лице и да го дополниме тоа, што и недостига на вашата вера.

Прочитајте целосна глава 1 Солунците 3