Стар Завет

Нов Завет

1 Солунците 2:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зашто самите знаете, браќа, дека нашето доаѓање кон вас не беше напразно.

2. Напротив, иако порано пострадавме и бевме хулени во Филипи, како што веќе знаете, бевме смели во нашиот Бог, да ви го проповедаме Божјото Евангелие среде голема борба.

3. Зашто нашето бодрење не беше од заблуда ни од нечистота, ниту со измама,

4. туку како што Бог нè испита да ни го довери Евангелието, така зборуваме не угодувајќи им на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува нашите срца.

Прочитајте целосна глава 1 Солунците 2