9. Спротивете му се, цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања се довршуваат во вашите браќа по светот.
10. А Бог на секоја благодат, Кој ве повикал во Христа Исуса за Својата вечна слава, по вашето кратко страдање, Сам ќе ве усоврши, зацврсти, зајакне и ќе ве направи непоколебливи.
11. Нему слава и власт во векови на вековите. Амин!
12. По Силвана, верниот брат, каков го сметам, ви го напишав ова накратко, за да ве опоменам и да ви посведочам дека ова е вистинска Божја благодат, во која стоите.
13. Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко.
14. Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, кои сте во Христа. Амин!