Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 5:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене.

5. Така и вие помладите покорувајте им се на старешините. А сите еден кон друг препашете се со смиреност, зашто „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.”

6. И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време.

7. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.

8. Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 5