Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 5:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, која ќе се открие:

2. пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце;

3. и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.

4. И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене.

5. Така и вие помладите покорувајте им се на старешините. А сите еден кон друг препашете се со смиреност, зашто „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.”

6. И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време.

7. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.

8. Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 5