1. Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, која ќе се открие:
2. пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце;
3. и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.
4. И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене.
5. Така и вие помладите покорувајте им се на старешините. А сите еден кон друг препашете се со смиреност, зашто „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.”
6. И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време.