Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 5:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, која ќе се открие:

2. пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце;

3. и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 5