Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 3:13-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И кој ќе ви стори зло, ако ревнувате за доброто?

14. А ако и страдате заради правдата, бидете блажени! „Не плашете се, ниту се збунувајте од нивните закани,”

15. туку осветувајте Го во своите срца Христа како Господа, секогаш подготвени за одговор на секого, кој ја бара причината на надежта, која е во вас, но со кротост и со страв,

16. имајќи добра совест, та оние кои го навредуваат вашето добро поведение во Христа, да се посрамат за она за што ве клеветат.

17. Зашто е подобро, ако сака Божјата волја, да страдате правејќи добро, отколку правејќи зло.

18. Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведен за неправедните, за да нè приведе при Бога; навистина, Тој, Кој беше убиен во тело, оживе Духом;

19. во Него, Тој отиде тогаш, и објави на духовите во Подземјето;

20. кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3