Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 2:15-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе,

16. како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги!

17. Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!

18. Слуги, покорувајте им се на своите господари со целосен страв, но не само на добрите и кротките, туку и на суровите!

19. Зашто тоа е благодат, кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога.

20. Имено, каква е пофалбата ако трпите, кога ве казнуваат за вашите престапи? Но, ако страдате и трпите, кога правите добро, тоа е благодат од Бога.

21. Зашто за тоа сте повикани, зашто и Христос страдаше за вас и ви остави пример, за да врвите по Неговите стапки.

22. Тој не направи грев и не се најде измама во Неговата уста.

23. Тој, Кој беше навредуван, не враќаше со навреда; кога страдаше - не се закануваше, туку се предаде Себеси на Оној, Кој суди праведно.

24. Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте.

25. Зашто скитавте како овци, но сега се вративте при Пастирот и Чуварот на вашите души.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 2