Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 2:11-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата.

12. Однесувајте се добро меѓу народите, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата.

13. Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник,

14. било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро!

15. Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе,

16. како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги!

17. Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!

18. Слуги, покорувајте им се на своите господари со целосен страв, но не само на добрите и кротките, туку и на суровите!

19. Зашто тоа е благодат, кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 2