Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 1:16-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.”

17. И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец, поминувајте го во страв времето на својот живот како придојденици,

18. знаејќи дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, од својот суетен живот што ви е предаден од вашите татковци,

19. туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне,

20. Кој беше предназначен, пред создавањето на светот, а се јави на крајот на времето заради вас;

21. кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, така што вашата вера и вашата надеж да бидат во Бога.

22. Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце,

23. зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово.

24. Зашто „секое тело е како трева, и сета нејзина слава како цвет од трева: тревата се осушува и цветот и опаѓа,

25. а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1