Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 1:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. туку според Светецот, Кој ве повика, бидете и самите свети во целото свое држење,

16. зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.”

17. И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец, поминувајте го во страв времето на својот живот како придојденици,

18. знаејќи дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, од својот суетен живот што ви е предаден од вашите татковци,

19. туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне,

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1