Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 1:10-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ова спасение го бараа и го испитуваа пророците, кои пророкуваа за благодатта што ви е наменета;

11. тие испитуваа на кое и на какво време посочуваше Христовиот Дух, Кој беше во нив, кога однапред навестуваше за Христовите страдања и за славите по нив.

12. Ним им беше откриено дека не служеа за себе, туку за вас, со ова што сега ви го објавија преку оние, кои ви го проповедаа Евангелието преку Светиот Дух, испратен од небото, во што ангелите сакаат да вникнат.

13. Затоа, препашете ги бедрата на вашиот ум, бидете трезвени, имајте полна надеж во благодатта, која ќе ви биде донесена при откровението на Исуса Христа.

14. Како послушни чеда, не управувајте се според некогашните страсти, кои ги имавте во своето незнаење,

15. туку според Светецот, Кој ве повика, бидете и самите свети во целото свое држење,

16. зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.”

17. И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец, поминувајте го во страв времето на својот живот како придојденици,

18. знаејќи дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, од својот суетен живот што ви е предаден од вашите татковци,

19. туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне,

20. Кој беше предназначен, пред создавањето на светот, а се јави на крајот на времето заради вас;

21. кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, така што вашата вера и вашата надеж да бидат во Бога.

22. Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце,

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1