Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 7:34-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. та вниманието му е поделено. И немажената жена, девицата, се грижи за Господовото, за да биде света во телото и во духот; а мажената се грижи за светското: како да му угоди на мажот.

35. Ова го зборувам за ваша сопствена полза. Не за да ви поставам јамка, туку за да бидете чесни и за да Му служите без пречки истрајно на Господа.

36. Мисли ли некој дека постапува неприлично со својата девственост, ако навлегол во години, и дека така треба да биде, нека прави како што сака: не греши, нека се женат!

37. А оној, кој стои цврсто во своето срце и нема потреба, туку владее со својата волја, па решил во своето срце да ја запази својата девственост, добро прави;

38. така, оној кој се жени, добро прави; а оној којшто не се жени, прави подобро.

39. Жената е сврзана додека мажот и е жив. Ако и умре мажот, слободна е да се премажи за кого сака, само во Господа!

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 7