Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 7:33-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. А женетиот се грижи за земното: како да и угоди на жената,

34. та вниманието му е поделено. И немажената жена, девицата, се грижи за Господовото, за да биде света во телото и во духот; а мажената се грижи за светското: како да му угоди на мажот.

35. Ова го зборувам за ваша сопствена полза. Не за да ви поставам јамка, туку за да бидете чесни и за да Му служите без пречки истрајно на Господа.

36. Мисли ли некој дека постапува неприлично со својата девственост, ако навлегол во години, и дека така треба да биде, нека прави како што сака: не греши, нека се женат!

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 7