Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 7:24-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Браќа, секој нека остане пред Бога во она во што е повикан.

25. За девиците немам заповед од Господа, но го кажувам своето мнение како оној, кој, добивајќи ја Господовата благодат, е достоен за доверба.

26. Според тоа, сметам дека ова е добро заради сегашната потреба; дека е добро за човекот да остане таков, како што си е.

27. Сврзан ли си со жена? Не барај развод! Разврзан ли си од жена? Не барај жена!

28. Но, иако се ожениш, не грешиш; а ни девицата не греши ако се омажи. Но, таквите ќе имаат телесни неволји, а јас пак се обидувам да ве поштедам.

29. Браќа, ви го велам ова: времето е кратко. Затоа, и оние кои имаат жени, да бидат како да ги немаат;

30. и кои плачат, како да не плачат; и кои се радуваат, како да не се радуваат; и кои купуваат, како да немаат;

31. и кои го ползуваат овој свет, како да не го ползуваат, зашто поминува обликот на светов.

32. Би сакал да бидете без грижи. Оној кој не е во брак се грижи за она што е Господово; како да Му угоди на Господа.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 7