Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 7:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Впрочем, секој нека оди онака, како што Господ му доделил, како што Бог го повикал! Така наредувам по сите цркви.

18. Обрезан ли е повикан некој, да не го крие обрезанието; необрезан ли е повикан некој, да не се обрезува!

19. Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, туку извршувањето на Божјите заповеди.

20. Секој нека остане онаков каков е повикан!

21. Ако си повикан како роб? Не грижи се! Туку, ако можеш да станеш и слободен, подобро искористи го тоа,

22. зашто оној, кој е повикан како роб во Господа, слободен е во Господа; исто така и оној, кој е повикан како слободен, роб е на Христа.

23. Скапо сте купени! Не бидете им робови на луѓето!

24. Браќа, секој нека остане пред Бога во она во што е повикан.

25. За девиците немам заповед од Господа, но го кажувам своето мнение како оној, кој, добивајќи ја Господовата благодат, е достоен за доверба.

26. Според тоа, сметам дека ова е добро заради сегашната потреба; дека е добро за човекот да остане таков, како што си е.

27. Сврзан ли си со жена? Не барај развод! Разврзан ли си од жена? Не барај жена!

28. Но, иако се ожениш, не грешиш; а ни девицата не греши ако се омажи. Но, таквите ќе имаат телесни неволји, а јас пак се обидувам да ве поштедам.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 7