7. Затоа: ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте.
8. А оној, кој сади и оној, кој вади - едно се, но секој ќе ја прими својата награда според својот труд.
9. Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.
10. Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува.
11. Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос.
12. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама,
13. сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.
14. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда;
15. а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.
16. Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?
17. Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.
18. Никој нека не се измамува; ако некој меѓу вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар,
19. зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога! Имено, напишано е: „Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство.”