Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 3:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама,

13. сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.

14. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда;

15. а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.

16. Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?

17. Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 3