Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 3:10-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува.

11. Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос.

12. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама,

13. сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.

14. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда;

15. а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.

16. Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?

17. Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

18. Никој нека не се измамува; ако некој меѓу вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар,

19. зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога! Имено, напишано е: „Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство.”

20. И пак: „Господ знае дека мислите на мудрите се суетни.”

21. Затоа никој да не се фали со луѓето! Зашто сè е ваше:

22. било Павле, или Аполос, или Кифа, или светот, или животот, или смртта, или сегашноста, или иднината, сè е ваше,

23. а вие сте Христови, Христос е Божји.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 3