Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 3:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа.

2. Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете,

3. зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба?

4. Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: „Јас сум Павлов”, а друг: „Јас сум Аполосов?”

5. Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 3