Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 15:26-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Смртта ќе биде уништена како последен непријател.

27. Зашто „сè покорил под Неговите нозе.” А кога вели, дека е покорено сè, јасно е дека е покорено сè, освен Оној, Кој Му покорил сè.

28. Кога ќе Му биде потчинето сè, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Нему Му потчинил сè, за да биде Бог сè во сè.

29. Инаку, што ќе прават оние, кои се крштаваат за мртвите? Ако мртвите воопшто не воскреснуваат, зошто се крштаваат за нив?

30. И ние зошто сме секој час во опасности?

31. Со вашата пофалба, браќа, која ја имам во Христа Исуса, нашиот Господ, јас умирам секој ден.

32. Ако се борев, по човечки, со ѕверови во Ефес, каква ми е ползата? Ако мртвите не воскреснуваат, „да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!”

33. Не измамувајте се; „лошите друштва ги расипуваат добрите навики!”

34. Отрезнете се, како што треба, и не грешете, зашто некои не Го знаат Бога. За ваш срам, го велам ова.

35. Но, некој ќе праша:”Како воскреснуваат мртвите? И во какво тело ќе дојдат?

36. Неразумен човеку, она што го сееше ти, не оживува, ако не умре.

37. И што сееш, не го сееш телото што ќе биде; туку голо зрно, било пченично или од нешто друго.

38. А Бог му дава тело, какво што сака; и на секое семе негово тело.

39. Не е секое тело исто тело: туку друго е човечкото, и друго е животинското тело, и друго е телото на птиците, и друго на рибите.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 15