Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 15:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Смртта ќе биде уништена како последен непријател.

27. Зашто „сè покорил под Неговите нозе.” А кога вели, дека е покорено сè, јасно е дека е покорено сè, освен Оној, Кој Му покорил сè.

28. Кога ќе Му биде потчинето сè, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Нему Му потчинил сè, за да биде Бог сè во сè.

29. Инаку, што ќе прават оние, кои се крштаваат за мртвите? Ако мртвите воопшто не воскреснуваат, зошто се крштаваат за нив?

30. И ние зошто сме секој час во опасности?

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 15