Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 12:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Што се однесува за духовните нешта, браќа, не сакам да останете во незнаење.

2. Знаете дека кога бевте многубошци, бевте влечени како терани кон немите идоли.

3. Затоа ве известувам дека никој, кој зборува во Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус,” и никој не може да каже: „Исус е Господ,” освен преку Светиот Дух.

4. Дарбите се различни, но Духот е ист.

5. Различни се и службите, но Господ е ист.

6. Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши сè во сите.

7. Секому му се дава откровение на Духот за општа полза.

8. На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух;

9. на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух;

10. на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците.

11. А сè тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.

12. Зашто, како што е телото едно, а има многу членови, и сите членови на телото, иако се многу, едно тело се, така е и Христос:

13. зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело - било Јудејци, или Грци, било робови, или слободни. И сите сме напоени во еден Дух.

14. Зашто телото не се состои од еден член, туку од многу.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 12