Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 11:6-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. И така: ако жената не се покрива - нека се истриже! Но ако е срамно за жената да се стриже или да се бричи; нека се покрива!

7. Мажот пак не треба да ја покрива главата, зашто е слика и слава Божја, а жената е слава на мажот.

8. Зашто мажот не е од жената, туку жената од мажот;

9. бидејќи мажот не е создаден заради жената, туку жената заради мажот.

10. Затоа жената треба да има власт на главата, заради ангелите.

11. Но во Господа ниту мажот е без жена, ниту жената - без маж,

12. зашто како што е жената од мажот, така е и мажот преку жената, а сè е од Бога.

13. Пресудете сами во себе дали е прилично жената да Му се моли на Бога непокриена?

14. Не ве учи ли самата природа дека е срамно за мажот да има долга коса,

15. ако пак жената има долга коса, тоа е чест за неа, зашто косата и е дадена место превез.

16. Но ако некој мисли да се препира ние немаме таков обичај, ниту Божјите цркви.

17. Заповедувајќи ви го тоа, не можам да ве фалам, зашто вашите состаноци не се за подобро, туку за полошо.

18. Зашто, прво, слушам дека, кога се собирате постојат раздори меѓу вас, и верувам нешто од тоа,

19. зашто треба да има меѓу вас и разлики, за да се покажат подостојните меѓу вас.

20. И така, кога се собирате заедно, не е тоа за да се јаде Господовата вечера,

21. зашто кога ќе се седне на трпезата, секој го зема своето јадење; и едниот гладува, а другиот се пијани.

22. Немате ли куќи, за да јадете и пиете? Или ја презирате Божјата црква и ги срамите оние, кои немаат? Што да ви речам? Да ве пофалам? Не ве фалам во тоа.

23. Зашто, јас го примив од Господа она, што и ви го предадов: дека Господ Исус, во онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб,

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 11