4. Секој маж, кој се моли или пророкува имајќи нешто на неговата глава, ја срамоти главата.
5. А секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срами својата глава, зашто е сосем исто како да е истригана.
6. И така: ако жената не се покрива - нека се истриже! Но ако е срамно за жената да се стриже или да се бричи; нека се покрива!
7. Мажот пак не треба да ја покрива главата, зашто е слика и слава Божја, а жената е слава на мажот.
8. Зашто мажот не е од жената, туку жената од мажот;
9. бидејќи мажот не е создаден заради жената, туку жената заради мажот.
10. Затоа жената треба да има власт на главата, заради ангелите.
11. Но во Господа ниту мажот е без жена, ниту жената - без маж,
12. зашто како што е жената од мажот, така е и мажот преку жената, а сè е од Бога.
13. Пресудете сами во себе дали е прилично жената да Му се моли на Бога непокриена?
14. Не ве учи ли самата природа дека е срамно за мажот да има долга коса,
15. ако пак жената има долга коса, тоа е чест за неа, зашто косата и е дадена место превез.
16. Но ако некој мисли да се препира ние немаме таков обичај, ниту Божјите цркви.