Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 11:28-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Но, човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата,

29. зашто кој јаде и пие, а не Го распознава Господовото тело, јаде и пие за свое осудување.

30. Затоа мнозина се слаби и болни меѓу вас, а мнозина и умираат.

31. Ако се осудуваме сами себеси, нема да ни се суди;

32. а кога Господ нè суди, нè накажува, за да не бидеме осудени со светот.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 11