Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 11:25-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Исто така и чашата, по вечера, и рече: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!”

26. Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ја навестувате Господовата смрт, додека дојде Тој.

27. Затоа, кој јаде од лебов или пие од оваа Господова чаша, на недостоен начин, ќе биде виновен против телото и крвта на Господа.

28. Но, човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата,

29. зашто кој јаде и пие, а не Го распознава Господовото тело, јаде и пие за свое осудување.

30. Затоа мнозина се слаби и болни меѓу вас, а мнозина и умираат.

31. Ако се осудуваме сами себеси, нема да ни се суди;

32. а кога Господ нè суди, нè накажува, за да не бидеме осудени со светот.

33. Затоа , браќа мои, кога се собирате да јадете, чекајте се еден со друг!

34. Ако е некој гладен, нека јаде дома, за да не се собирате за осудување. А другото ќе го уредам кога ќе дојдам.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 11