Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 10:21-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Не можете да ја пиете Господовата чаша и бесовската чаша. Не можете да учествувате на Господовата трпеза и на бесовската трпеза.

22. Или пак да Го предизвикаме Господа на ревнување? Дали сме ние посилни од Него?

23. Сè е дозволено, но не е сè полезно. Сè е дозволено, но не е сè поучно.

24. Никој да не ја бара својата полза, туку ползата на другиот!

25. Јадете сè што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста,

26. зашто „Господова е земјата и сè што ја исполнува.”

27. Ако некој од неверниците те повика на јадење и сакаш да отидеш, јади од сè што ќе сложат пред тебе, не испитувајќи ништо, заради совеста.

28. Ако некој ти рече: „Ова било принесено на жртва,” не јади заради оној, кој те известил и заради совеста.

29. Но не мислам на твојата совест, туку на оној другиот. А зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 10