Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 1:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. така да не сте во недостаток од ниеден дар, чекајќи го откровението на нашиот Господ Исус Христос;

8. Кој ќе ве утврдува и до крај, за да бидете беспрекорни во Денот на нашиот Господ Исус Христос.

9. Верен е Бог, преку Кого сте повикани во заедништво со Неговиот Син, Исус Христос, нашиот Господ.

10. Браќа, ве прекорувам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите да зборувате исто и да нема раздори меѓу вас, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во една мисла.

11. Имено, ми јавија, браќа мои, Хлоините домашни дека меѓу вас има препирки.

12. Со ова сакам да кажам, дека секој од вас зборува: ‘Јас сум Павлов’, ‘Јас сум Аполосов’, ‘Јас пак Кифин’, а ‘Јас Христов’,

13. Дали Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Или сте крстени во Павлово име?

14. Му благодарам на Бога, што никого од вас не крстив, освен Криспа и Гаја,

15. за да не рече некој, дека сте крстени во мое име.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 1