Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 2:22-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Кој е лажецот, ако не оној, кој одречува дека Исус е Христос? Ова е антихрист - кој ги одречува Таткото и Синот.

23. Секој, што Го одречува Синот Го нема ни Таткото; кој Го исповедува Синот, Го има и Таткото.

24. Што чувте од почетокот тоа да остане во вас. Ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе останете во Синот и Таткото.

25. А ова е ветувањето што Тој ви го вети: вечен живот.

26. Ова ви го пишав заради оние, кои ве заведуваат.

27. А вие, во вас останува помазанието што го примивте од Него и не е потребно некој да ве поучува, туку како што Неговото помазание ве учи за сè, и е вистинско и не е лага, и како што ве научи, така останете во Него.

28. И сега, дечиња, останете во Него, за да имаме смела доверба кога ќе се јави Тој и за да не се засрамиме пред Него, при Неговото доаѓање.

29. Ако знаете дека Тој е праведен, знајте дека секој кој врши правда, е роден од Него.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 2