Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 2:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. зашто сè што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот.

17. А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.

18. Деца, последен час е; и, како што сте чуле дека антихрист иде, така сега се подигнаа многу антихристи; по тоа знаеме дека е последниот час.

19. Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас.

20. А вие имате помазание од Светиот и знаете сè.

21. Не ви пишав како да не ја знаете вистината, туку зашто ја знаете и зашто ниедна лага не е од вистината.

22. Кој е лажецот, ако не оној, кој одречува дека Исус е Христос? Ова е антихрист - кој ги одречува Таткото и Синот.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 2