8. Зарем тогаш не би требало да правиме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.
9. Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,
10. како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,
11. нема разумен, нема кој да Го бара Бога;
12. сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“
13. „Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров,
14. устата нивна е полна со клетва и горчина.
15. Нозете нивни им се брзи за пролевање крв;
16. пустошење и маки по нивните патишта;
17. тие не го познаа патот на мирот.
18. Страв Божји нема пред очите нивни.“