24. И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.
25. А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ.
26. И ќе ја внесат во него славата и честа на народите;
27. и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.