1. А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа:
2. „Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.“
3. Штом го чу тоа, царот Ирод се вознемири и цел Ерусалим со него.
4. И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: „Каде ќе се роди Христос?“
5. А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
6. ‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу владетелствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“
7. Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата,
8. па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да дојдам и јас да Му се поклонам.“
9. Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре одозгора, каде што беше Младенецот.
10. А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се зарадуваа со голема радост.