6. И се чудеше на нивното безверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
7. И ги повика дванаесетмината, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.
8. Па им заповеда да не земаат ништо за по пат освен по еден стап; ниту торба, ниту леб, ниту пари во појасот.
9. Но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10. И им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, сѐ додека не си отидете оттаму.
11. А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, излегувајќи оттаму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и Гомор во судниот ден, отколку на тој град.“
12. Тие појдоа и проповедаа покајание.
13. Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
14. И цар Ирод слушна за Исус, зашто името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.“
15. Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.“
16. А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
17. Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филип, зашто се ожени со неа.
18. Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“