6. А имаше уште еден син, кој му беше возљубен; па, го испрати најпосле него кај нив, велејќи: ‚Ќе се засрамат од сина ми.‘
7. Но лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘
8. И го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10. Зар не сте го читале ова во Писмото: ‚Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник.‘
11. Од Господ е тоа, и чудесно е во очите наши.“
12. И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, зашто разбраа дека за нив ја кажа параболата па откако Го оставија, и си отидоа.
13. А пратија кај Него некои од фарисеите и од Иродовците, за да Го фатат на збор.
14. Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да му се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?“
15. А Тој, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: „Зошто ме искушувате? Донесете ми еден денариј да го видам!“
16. И тие донесоа. Па им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Му рекоа: „На царот.“
17. Тогаш Исус им одговори и рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И тие Му се восхитуваа.
18. Дојдоа кај Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, говорејќи:
19. „Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го подигне потомството на својот брат.‘