13. Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите.
14. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста,
15. и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир.
16. А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;
17. земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!
18. Со секаква молитва и молба во секоја пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрајност и молитва за сите светии,
19. и за мене, та, кога ќе ја отворам устата да ми се даде слободно да ја соопштувам тајната на Евангелието,
20. поради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.
21. А за да знаете и вие, како сум и што работам, за сѐ ќе ве извести Тихик, возљубениот брат и верен служител во Господ.
22. Него го пратив кај вас за да дознаете како сме, и за да ги охрабри срцата ваши.
23. Мир на браќата и љубов со вера од Бога Отецот и од Господ Исус Христос.