5. За тоа може да посведочи првосвештеникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Дамаск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат казнети.
6. Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме осветли силна светлина.
7. Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘
8. Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Господи?‘ А Тој ми рече: ‚Јас сум Исус од Назарет, Кого ти Го гониш.‘
9. Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.
10. Тогаш реков: ‚Што да правам, Господи?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘
11. И бидејќи од болскотот на таа светлина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.
12. А некој си Ананија, маж благочестив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск,
13. дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него.
14. Тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од устата Негова,
15. зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал.
16. И сега, зошто се задржуваш? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
17. А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,
18. Го видов како ми вели: ‚Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘
19. Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;