16. И сега, зошто се задржуваш? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
17. А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,
18. Го видов како ми вели: ‚Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘
19. Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;
20. и кога се проливаше крвта на Стефан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘
21. И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам далеку – кај незнабошците.‘“
22. И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“
23. И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот,
24. заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него.
25. Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски граѓанин, и тоа без пресуда?“
26. Кога го слушна тоа стотникот, отиде да го извести заповедникот, па му рече: „Што мислиш да правиш? Овој човек е римски граѓанин!“
27. Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски граѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“
28. А заповедникот рече: „Тоа граѓанско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“
29. И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповедникот, кога дозна дека е тој римски граѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
30. На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.